Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на ниво на Скопје поради 12 нови случаи.
Министерот Венко Филипче на прес-конференцијата денеска порача дека шест од новите случаи се потврдени преку лабораториски анализи, а за другите шест случаи анализите се очекуваат утре.
Министерството донесе и забрана за носење во градинка на деца кои не примиле МРП вакцина (за морбили, рубеола и паротитис), соопшти министерот Филипче.
– Сите нови случаи се невакцинирани лица со МРП вакцината. Затоа е прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме од утре да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани во градинките – изјави Филипче.
Во Скопје 15.000 деца се невакцинирани од морбили. Филипче вели дека со повиците за вакцинирање, од тие 15.000, само 310 деца биле однесени на вакцинација, што според него, е многу мала бројка.