Спасени петмина македонски скијачи паднати во провалија во Бугарија

Сподели

Петмина македонски државјани, скијачи и сноубордери, кои скијале надвор од назначени локации паднале во провалија. Операцијата за спасување се одвивала вчера во Пирин од страна на Дамјанишка долина, пренесува бугарски БГНЕС од Благоевград.

Сигналот за помош бил доставен до Планинската спасувачка служба во Банско. Околу 20 часот 10 спасители ја извршуваа акцијата за спасување на луѓето во планината.

„Сите пет македонски државјани се во добра форма. Повикувачите се локализирани, нема опасност за нив“, уверуваат спасителите.

Во петокот во лавината над Банско двајца сноубордери ги загубија животите. Лавината падна на врвот Тодорка – пренесува МИА.