Почина градоначалникот на Гдањск нападнат за време на хуманитарен концерт

Сподели

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович почина како последица на повредите здобиени во нападот за време на хуманитарен концерт кој се одржуваше вчера, објави полското радио на својот твитер канал.

Градоначалникот Адамович беше примен во болница со сериозни повреди во пределот на стомакот, по што бил опериран пет часа, но и покрај тоа, лекарите ја оценуваа неговата состојба како критична. Голем број жители на Гдањск донираа крв за да се спаси животот на

Напаѓачот, кој полските медиуми го именуваат како 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор.