Ѕанакопулос: Има мнозинство и за доверба на Владата и за Договорот

Сподели

Министерот Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија Алфа, изјави дека неговата процена е оти Владата ќе добие доверба и ќе може да продолжи да ја води земјата.

Гласањето доверба на Владата не треба да се поврзе со ратификацијата на Договорот од Преспа, бидејќи се две комплетно различни гласања, а едното не го одредува другото, но додаде дека и за двата процеса постои мнозинство во актуелниот Парламент – изјави Ѕанакополус.

” -Моето мислење е врз основа на она како досега стојат работите и врз основа на изјавите на политичките сили, особено во однос на Договорот од Преспа, дека е обезбедено апсолутно мнозинство во актуелниот Парламент, рече Ѕанакопулос и објасни дека причината зошто премиерот бара доверба е за да се избегне неизвесност во Владата по повлекувањето на Панос Каменос. “