Јанукович осуден на 13 години затвор за велепредавство

Сподели

Судот во Киев го осуди на 13 години затвор за велепредавство поранешниот претседател Виктор Јанукович. Пресудата беше прочитана во отсуство на Јанукович кој по масовните проевропски протести во Украина избега во Русија, каде живее и денеска, објави новинската агенција Ројтерс.

„Судот го прогласува виновен Јанукович (68) , кој во 2014 избега во Русија и го осудува на 13 години затворска казна”, рече судијата Владислав Девиатко.

Според песудата, Јанукович е осуден бидејќи „извршил злосторство и ги поткопал темелите на украинската национална безбедност, со што извршил велепредавство“. Тој во 2010 беше избран за претседател на Украина, а во 2014 избега во Русија, во градот Ростов на Дон, по повеќенеделните проевропски масовни протести низ цела Украина.