МОБ, ОРЕВОКРШАЧКА – Петар Илич Чајковски, 30. јануари
Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Василиј Иванович Ваинонен (Русија)
Сценограф: Анатолиј Нежњи (Русија)
Костимограф: Љупка Ристовска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Репетитори: Горан Божинов, Лора Тарчуговска, Билјана Пашариковска, Маја Митровска Богојевска
Во главните улоги:
Клара: Марија Кичевска Шокаровска
Принц: Бобан Ковачевски
Мала Клара: Бојана Арсовска
Оркестарот на МОБ
Настапуваат првенци, солисти и целиот балетски ансамбл на МОБ
Овој балет е ултимативна Новогодишно-Божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година!