Летен Клуб Хавана, 18 јуни
Во летниот клуб Хавана на 18ти јуни – сабота, со почеток во 20:30 часот ве покануваме на “при-векејшнл полно-омастена мечл свирка” (3,5%) за да ја отпишеме сезонава како што е ред послем повеќебројните одлични настапи во Скопјево на нашите локални и неколку светски бендови кои несебично го докажаа својот убер – квалитет. Овој пат редоследот ќе го предводат три бенда од локалната скопска сцена, кои што неуморно работат на докажување на својот музички и технички квалитет но и оставање на вредни сонични белези,како дел од “подземната контрабанда” која не дозволува македонскиот андерграунд воопшто да замре…
‘Мoral of the story’ – “На некој “лето” му е, на некој двор му е..” а она што ни e реално секојдневие, доживеано во soundtrack од домашна продукција би идело веројатно како “Ем Црно ем кЛето”.
Настапуваат:
Reduced to Ashes – Death Metal / Metalcore
“Reduced To Ashes” – Reduced To Ashes e свежа крв во метал сцената на околиниве и се формираат во почетоците на 2015 година, но првиот настап го имаат во Март 2016 година.Составен од членови на Outlaw, Ambroz, Carnage Dominion и Beyond The Horizon. Свират Death Metal но не се придржуваат до рецептот и Експериментираат со секакви ритмови,прогресивни рифови, мрачни мелодии и моќни брејкови.
“Дет метал оџачари шо го чистат сиот пепел од вашиот слух”
Игор Грачанин – вокал
Петар Спасовски – гитара
Наско Џорлев – гитара
Иван Томиќ – Тапани
Горан Ристевски – бас гитара
Southern Discomfort – Metal / Power Groove
“Southern Discomfort” – се енергичен метал бенд од Скопје оформен кон крајот на 2013 год. кој представува смела комбинација на повеќе музички правци “Power
Groove/ Thrash Metal/ Southern…” Момците веќе од крајот од 2015-та година се претставија на неколку локални свирки со домашни и еден странски бенд каде сериозно ги презентираа своите “вулгарни рифови”. Во меѓувреме го спремаат авторскиот материјал за прв студиски албум кој веројатно до крајот на 2016 ќе биде издаден, а истово лето очекувајте ги и нивните први студиски грувови издадени низ призма на “сингл аутфит”.
“Јужен састаф од незгодни каубои што груваат на сонични мустанзи”
Андреј Велковски – Соло/Ритам гитара
Стефан Миладиновски – Тапани
Андреа Стојанов – Бас гитара
Пјотр Теодор Краст – Вокал
Trendkill – Crossover / Metal / Hardcore
“Trendkill” се веќе добро познат бенд во македонската андерграунд заедница кој што има поголем број жестоки настапи позади себе.Екипата е составена од членови на веќе докажаните “Serpentine Fire” и “Furion” што доволно укажува за стилскиот темперамент кој го има овој бенд. Како прв запишан материјал го издаваат своето прво EP – Nothing to prove” во 2014, а веќе кон крајот на 2015 го издаваат својот прв студиски албум под псевдонимот “Colors of self”.
“Kросоувер хардкор зафат за кршење на кичмата”
Калин Марковиќ – Вокал
Дамјан Јанев – Гитара
Милош Дејановиќ – Бас гитара
Симеон Јанев – Тапани