За случајот СОПОТ ќе се исплати надомест на штета на лица поради неоправдана осуда

Сподели

На вчерашната седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за судскиот предмет 19П4-939/18, во јавноста почнат како случај „Сопот“ и можноста за спогодбено решавање и исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда, доставен до Државното правобранителство.

Притоа Владата даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој случај, по тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот. Владата исто така, го овласти Државниот правобранител за подрачје Скопје, Зоран Петковски да потпише спогодба за судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој судски предмет – се вели во соопштението на Владата.