Само еден пропуст во распределбата на пари утврдила Комисијата за фолклор, музичко-сценска дејност, која уште еднаш ги проверуваше одбиените проекти.
Грешката е направена кај детскиот фестивал „Златно Славејче“, кој иако доставил уредна апликација, беше одбиен за државните субвенции за културата.
Плеурат Гаши, претседателот на комисијата, информираше дека е направен превид кај „Златно славејче“, кој иако доставил потврда за простор каде ќе се одржи фестивалот, од комисијата не го виделе.
„Човечки е да се згреши, ние згрешивме во одбивањето на пријавата на фестивалот Златно славејче. Фестивалот имал целосна документација и ќе добие пари од Министерството за култура“ – изјави Гаши.
За останатите фестивали меѓу кои и Скопскиот џез фестивал, од Комисијата остануваат на ставот дека апликациите им се непотполни.