Нови правила за снабдување со топлинска енергија – ќе се одлучува дали исклучените ќе плаќаат паушал

Сподели

Оваа недела МАНУ треба да ја заврши анализата која се однесува на исклучените домаќинства од системот за парно греење во Скопје.

Проценките на Регулаторната комисија за енергетика се дека до 5 март ќе се знае дали и натаму граѓаните кои не користат парно ќе добиваат сметки за услуга која не ја користат, потврди денеска претседателот на комисијата, Марко Бислимовски.

Бислимовски изјави дека исклучените потрошувачи можеби немало да се исклучат од системот за греење, доколку знаеле дека по исклучувањето ќе им се наметне обврска да плаќаат.

Повеќе од 12 илјади домаќинства се откажале од парното греење, но со години плаќаат паушал зависно од квадратурата на станот.