СДСМ предводен од деспотот Заев е во слободен пад, и токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад и им следува крај и тежок пораз најпрвин на претседателските избори, а потоа и на предвремените парламентарни избори.
Институциите на чие чело е деспотот, деспотот Заев, се разнишани. Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на рекла казала муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваат.
Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден, и не се плаши. Заев, запамети, ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Република Македонија, народот не ти се плашиме! Ова што го правиш е лудило, ама ние сме подготвени да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Република Македонија. Ти отчукува часовникот, и да знаеш Заев готов си, нема бегање! Колку повеќе високо леташ потежок ќе биде твојот трескот кога ќе паднеш, тоа јас лично ти го гарантирам.
Апси, можеш и да нарачуваш убиства, но, едно да знаеш нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме.
Единствен модус за да се стави крај на ова деспотство, на оваа игра со судбини, на ова уништување на Република Македонија е жестоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори, да го победиме и јас ви гарантирам дека ќе го победиме! – изјави Мицкоски на денешната прес-конференција.