Обвинетиот Трајковски: Вељаноски даде наредба да се отворат вратите од Собранието на 27.април

Сподели

“Трајко Вељановски на 27 април 2017 година издаде наредба да се отворат вратите на Собранието”, со овие зборови обвинетиот Влатко Трајковски ги започна своите завршни зборови во салата на Кривичниот суд. Тој додаде дека ако не биле отворени вратите на Собранието од страна на амнестираните пратеници Крсто Мукоски и Сашо Василевски, тој немало да биде обвинети за тероризам и за кршење на уставниот поредок.

По него, последниот збор ќе го кажат последните тројца обвинети, Вилијам Михајловски, Александар Василевски-Нинџа и Никола Митревски-Кољо.

Судскиот случај за настаните од 27 април е во фаза на завршни зборови на четворица од 18 обвинети.

Следната недела судијата Добрила Кацарска се очекува да ја даде првостепената пресуда.