МАКЕДОНИЈА – Времето денска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 12 степени, Крива Паланка 8, Берово и Маврово 7, Охрид и Битола 10, Кавадарци 13, Дојран 14 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините на запад со услови да провејува слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат пониски од денешните: Скопје 6, Маврово 2, Охрид и Битола 7, Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 9, Дојран 11.
Времето до петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, освен во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд.
Повторно зголемување на облачноста со локални врнежи се очекува за време на викендот.