Симфониски концерт за деца: “СОНОТ НА ИГРАЧКИТЕ”

Сподели

Македонска филхармонија, “СОНОТ НА ИГРАЧКИТЕ”, 9. март

„Сонот на играчките“ е насловот на симфонискиот концерт за деца на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 9 март, во 11 часот.

Со оркестарот ќе диригираат двајцата млади македонски диригенти кои се активни на европските музички сцени, Виктор и Елена Митревски.

На концертот ќе има и аниматор, а ќе бидат изведени дела од Дебиси, Григ, Понкиели, Моцарт, Бизе, Елгар.