Силјановска: Борбеноста нѐ обврзува да одиме напред до победа за праведна Македонија и пораз на ЗАЕВИЗМОТ!

Сподели

” Некој ќе помисли дека професорите се навикнати на младите поради секојдневните средби со нив. Но, и покрај долгото животно искуство и како мајка и како професорка, морам да признаам дека младите секогаш умеат одново да ме изненадат и поттикнат. Тие не се тука само да ги слушаат повозрасните, туку и да бидат слушнати. Разговорот со нив покажува колку се длабоко свесни за тешкото наследство што им го остава лошото владеење и урнисаниот правен поредок. Но, тоа не ги обесхрабрува, бидејќи се свесни дека само со активно учество во политиката и со активен отпор кон погубните политики може да дојде до општествена промена на подобро. Токму изминативе години тие посведочија дека ако не се занимаваш со политика, таа ќе се занимава со тебе – ќе те притиска, застрашува, обезличува, моделира уште од училишните клупи. Борбеноста и енергијата, но и визијата за општеството во кое сакаат да живеат, нѐ обврзува да одиме напред. Заедно! До победа за праведна Македонија и пораз на ЗАЕВИЗМОТ! “

Изјави, Гордана Силјановска кандидат за Претседател на државата, предложен од ВМРО-ДПМНЕ