Силјановска, Пендаровски и Река ги поднесоа кандидатурите за Претседател на државата

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги доставија кандидатурите на нивните кандидати за претседател на државата, потврдија од Државната Изборна Комисија.

Редниот број под кој Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и Блерим Река ќе се најдат на гласачкото ливче на претседателските избори на 21 април ќе се знае утре.

Кандидатите ги комплетираа кандидатурите, со собрани над 10.000 граѓански потписи. 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски тоа го сторија на последниот ден од предвидениот рок, а два дена претходно кандидатурата до ДИК ја поднесе и Блерим Река, зад кој застаа Беса и Алијансасата на Албанците. 

Од изборните штабови на претседателските кандидати ветуваат европска кампања и секој тврди дека го имаат победничкиот кандидат.