ДИК: Река, Силјановска па Пендаровски – редослед на кандидатите за Претседател

Сподели

На јавна седница денеска во Државната изборна комисија со жрепка се утврди редоследот на кандидатите за претседател на државата на гласачкото ливче.

На листатата кандидат за Претседател на државата прв е Блерим Река, на врото место е Гордана Силјановска Давкова, а третото место на гласачкото ливче  припадна на кандидатот Стево Пендаровски.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски упати апел до сите учесници во кампањата, изборите да поминат во фер и коректна атмосфера, да претставуваат вистински политички натпревар на идеи, со цел да се добијат чисти и регуларни избори.

Јавните настапи на кандидатите не смеат да започнат пред 1. април,
кога официјално почнува претседателската кампања, соопштиија од ДИК.

Кампањата започнува на 1. април и ќе трае до 19. април, по што следува изборниот молк.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.