Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешниот состанок со делегацијата од COWEB/COELA изјави:
„Нашата најважна задача во моментов е да се европеизираме преку темелна општествена промена и фокусирање на нештата што значат. Само така ќе успееме да ги задржиме идните генерации и да обезбедиме стабилност и просперитет. Во контекст на Регионот тоа би значело почеток на еден позитивен натпревар, своевидна „олимпијада на реформи“, втемелена на единствената одржлива визија за нашата заедничка иднина – да се реформираме, да понудиме подобар живот за нашите граѓани и да создадеме Регион на вредности и мостови, наместо граници.
Влогот е голем и заеднички – ние мораме да работиме и испорачуваме аргументи и резултати, а Брисел и земјите членки мораат да не’ оценуваат строго и објективно и соодветно да ги вреднуваат нашите напори.“