Проектот на Град Скопје „Паметен град“ ќе чини 5,5 милиони евра

Сподели

Град Скопје го објави тендерот за набавка и имплементација на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град или смарт сити.

Проектот „Паметен град“ ќе чини 5,5 милиони евра според објавениот тендер за набавка и имплементација на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град или смарт сити. Паметен град или „смарт сити“ е концепт на функционирање на еден град или урбано подрачје, со кој преку тендер ќе се бара платформата за дигитален град да опфати систем за паметно осветлување, систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода и изработка на градски портал.