Повреда на избирачко право може да се пријави на тел.0800 54321

Сподели

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.