Во Македонската Филхармонија со интонирање на химната на Македонија и на НАТО, воените оркестри на Армијата на Грција и Армиите на Армијата на нашата држава, САД, Велика Британија и Словенија одржаа сојузнички концерт во чест на Денот на НАТО,
Припадниците на здружениот оркестар, по интонирањето на химните продолжија со изведба на впечатливи композиции од репертоарот на оркестрите на 5-те армии.
“Воените оркестри на Армиите на Северна Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ги интонираа заедно химните на Северна Македонија и на НАТО. Заедно сме посилни!#WeAreNATO”, напиша министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.