Од Кабинетот на претседателот Иванов потврдуваат дека во петокот, во попладневните часови пристигнало уште едно од повеќето барања за помилување на дел од неправосилно осудените за упадот во Собранието од 27. април поднеле молби за амнестија. Во дел од образложението стои дека во Македонија владее политички прогон, омаловажување и тотална дискриминација на осудените за случајот од 27. април.
– ” Нашите најдраги се киднапирани од власта и незаконски се држат во притвор, врз основа на лажни службени белешки или пак врз основа на голо необразложено барање за притвор. Ви се обраќаме со петиција да го искористите својот авторитет и интегритет и веднаш согласно Вашите уставни и законски ингеренции да ставите крај на ваквото беззаконие и крајно шиканирачко однесување од страна на злосторничкото здружување на поединци.”
Од претседателскиот Кабинет не откриваат какви се намерите на Претседателот и како ќе постапи со молбите.
Според премиерот Заев, аболицијата е завршена работа.
-Не очекувам аболиција од претседателот Иванов оти не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе. Парламентот може во иднина да даде такви права на претседателот, но во моментов такво право не постои“ – изјави премиерот Заев.