МКЦ: Dallas Black Dance Theatre, Тони Китановски и Черкези оркестарот

Сподели

МКЦ, Dallas Black Dance Theatre, Тони Китановски и Черкези оркестарот 10.април

„Проширување на објективот“ е заеднички проект помеѓу Dallas Black Dance Theatre, Тони Китановски и Черкези оркестарот и Асоцијацијата МакеДокс. Проектот обединува афро-американски танчери, ромски музичари и македонски филмаџии со цел да го истражуваат и да го зачуваат афро-американското и ромското наследство, со креирање на современо танцово дело, кое ги обединува двете култури и продуцира креативен документарен танцов филм.

Вечерта ја заокружува концертен настап на Тони Китановски и Черкези оркестар.Овој реномиран музички ансамбл е креативна симбиоза на мајсторството на одбрани ромски музичари и нашиот врвен џезер Тони Китановски. Напосетителите им препорачуваме задолжително носење на обувки за танцување!

ПРОШИРУВАЊА НА ОБЈЕКТИВОТ

„ПОСЕГНУВАЊЕ“
Кореографија: Јасмин Систи, (Италија)
Настапува: јасмин Сисити

„Бела соба“ Кореографија Нил Хохнер (Швајцарија)
Настапува: Нил Хохнер

„Фенси сме“Кореографија: Рисима Рисимкин
Перкусионисти: Виктор Филиповски & Владимир Трпчевски

Настапуваат: Исидора Краљевска, Фросина Шуман, Тања Крстевска, Борис Богдановски, Дамла Пинар Башар (к.г. Турција)

„Проширување на објективот“
Dallas Black Dance Theatre, и Тони Китановски и Черкези оркестар (во живо)

Кореограф: Клод Александар III-ти
Настапуваат: Клод Александар III-ти, Кајан Франклин, Ксавиер Мак, Меккинли Винис,

***
„Dallas Black Dance Theatre“ оваа година прославува 42 години од основањето и најстара танцова компанија во Далас, САД, составена од 12 танчери, кои изведуваат разновиден репертоар, како модерен танц, џез, современи танцови кореографии со примеси на етно и спиритуални елементи. Гостувањето на Dallas Black Dance Theatre, се остварува со поддршка на Амбасадата на САД.

Билетите се продаваат на билетарницата на МКЦ.