На денешен ден, пред седум години, на Велики четврток, 2012 година, на брегот на Смилковското езеро кај Скопје беа убиени четири момчиња и еден повозрасен маж додека ловеле риба во езерото.
За петкратното убиство беше отворен предметот со кодно име – „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
За Судот сѐ уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.
Случајот сѐ уште се наоѓа во доказна постапка.