Саем на книгата од 8-14. мај во ВИП-арената „Борис Трајковски“

Сподели

Од 8 до 14 мај во ВИП-арената „Борис Трајковски“ ќе се одржува 31. Саем на книгата, на кој годинава земја во фокусот е Унгарија, а ќе учествуваат и издавачки куќи од Србија, Косово и од Албанија. Покрај понудата на изданија со саемски попусти, планирани се и промоции и средби со автори.

Амбасадата на Република Унгарија во Република Северна Македонија, организира национално претставување на унгарската литература, при што Унгарија ќе се претстави како земја во фокусот на овогодинешниот Саем на книгата 2019.

– Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година, Министерството за култура како покровител на саемската манифестација очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата. Имајќи ги предвид националниот интерес и значењето на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура – изјави Сања Кондарко, проект-менаџер на Саемот на книгата.