ИЛИ-ИЛИ: Нов роман „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски

Сподели
Денес од печат излезе романот „Последните денови на Ханс“ од младиот македонски писател Михајло Свидерски.
Овој роман е 171 објава во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или.

Михајло Свидерски (Битола, 1991) прозаист, поет, преведувач.

Магистер по правни науки на факултетот „Јустинијан Први “ – Скопје. Автор е збирките поезија: Жетва на душата (2008) и Низ сонот од магли и дождови (2013), преведена и на бугарски во издание на „Нима“ Плевен (2013) и  Ѕвезди што спијат (2017).  За романот Бело и Црвено (2014), во издание на Темплум, ја добива наградата НОВИТЕ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Романот Бело и Црвено исто така е објавен на бугарски јазик, во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија во 2016 година.

 

 

Романот Последните Денови на Ханс претставува внатрешна борба и дијалог, тек на свеста на еден немоќен старец Ханс, неважна историска личност која припаѓа на избришаното минато, а кој во своето време, била една од најмаркантините личности на векот. Живее повлечен, во мало место со десеттина жители, повлечен од сите светски случувања. Со проблематизирање на моќта за комуникација која би го подразбирала отворениот ум кој умее неслективно да го препознава човечкото во другиот човек, со сите слабости, но и со сите потенцијали за издигнување од дното, оваа книга доминантно го претставува мисловниот процес на човекот, на битието кое неуморно се бори со изборите, со можноста да застапува ставови, но и со немоќта истите да ги одржува.Покрај личните рефлексии кои се основа на новелата, оваа книга имплицира пошироки теми кои во гранични етапи на промена донесуваат вознемиреност, но и преиспитувања на сопствените вредности, но и слабости. Генрализацијата на прашањата за моќта, за партијата, за семејството, за Бога, за општествениот  контекст се сведува на релативизација на сите етички или хумани аспекти разграничени во односот меѓу доброто поврзано со чоечката способност за однос кон другитот човек независно од религијата, етничката припадност или нацијата, но и за злото кога станува збор за понижувањата, страдањата, насилството.

Книгоиздателство ИЛИ-ИЛИ.