Велосипедски марш “На денешното мени-линдан” за подигнување на јавната свест против загадувањето

Сподели

Еко-свест заедно со Macedonian Ecological Society ве покануваат на велосипедски марш низ Скопје за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од малата депонија во фабриката Охис, кој ќе се одржи денес со почеток во 17:15 часот.

Појдовна локација на велосипедскиот марш е од Паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули во 17:30, во 18ч се пристигнува пред влезот на старата фабрика Охис, каде од 18-19 часот ќе се одржуваат креативни активности.

Настанот се одржува како продолжение на двете работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката Охис, што се одржаа во изминатиот месец.

Поради подобра организација, доколку планирате да земете учество во велосипедскиот марш ве молиме вашето присуство да го најавите на helena@ekosvest.com.mk. Доколку планирате да дојдете само пред фабриката Охис не е потребно да се најавите.