Европа ги слави победата над фашизмот и Денот на Европа

Сподели

Денеска Европа го одбележува 9.мај, Ден на победата над фашизмот во знак на сеќавање на крајот на Втората светска војна во 1945 година и Ден на Европа како почеток на создавањето на Европската унија пет години подоцна.

Овие настани во историјата на Европа како и секоја година се одбележуваат со низа манифестации, а традиционално вратите на европските институции се отвораат за граѓаните.Ден на победата над фашизмот во знак на сеќавање на крајот на Втората светска војна во 1945 година и Ден на Европа како почеток на создавањето на Европската унија пет години подоцна.

Денот на Европа и денот на победата над фашизмот денеска ќе биде одбележан и во дворот на Владата пред споменикот на Ослободителите на Скопје.

Најавени се обраќања на претседателот на Владата, Зоран Заев, претседателот на главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ, Никола Стојански и потпретседателот на главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ, Борко Зафировски.