Околу стотина граѓани се собраа пред Кривичниот суд во Скопје во знак на поддршка на осудените терористи на Диво Насеље.
Групата со повици „УЧК“ „УЧК* од плоштадот Скендер Бег дојде пред зградата на Кривичниот суд каде се задржаа десетина минути.
Со знамиња на Алабнија и транспаренти како и фотографии на загинатите команданти, протестантите изразија негодување за случувањата на 9 мај пред 4 години во Диво Насеље, обвинувајќи го поранешниот премиер Никола Груевки и претседателот Ѓорге Иванов. Демонстрантите бараат ослободување на затворениците, бидејќи според нив, процесот нетранспарентен.
Протестот беше организран под мотото „Против двојни стандарди и против дискриминација и сегрегација на Албанците”.