Денеска во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно”, во 13:45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки воени и државни почести.
По свечената церемонија, предвидено е Претседателот д-р Ѓорге Иванов и Претседателот д-р Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во Кабинетот на Претседателот.
Претседателот Стево Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија г. Румен Радев, со претседателот на Република Србија, г. Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета, со претседателот на Република Косово, г. Хашим Тачи.
Предвидено е Претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со г. Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со г. Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со г. Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.