Пратеникот Павле Богоевски си поднесе оставка

Сподели

 

Пратеникот Павле Богоевски си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, по аферата со аудио снимката.

Одлуката ја соопшти предмалку на седницата на  Комисијата за мандатното имунитетна прашања во Собранието, на која се одлучува за мандатот на Никола Груевски. Богоевски беше претседател на комисијата.

Оставката на Богоевски следува по скандалот со објавената снимка од телефонски разговор во која се слуша како нарачува забранета супстанција. Наспроти тврдењето дека Богоевски нарачувал кокаин, тој тврдеше дека нарачал масло од канабис за негов близок пријател кој боледува.