Македонскиот џихадист, Мухамед Закири, во Турција осуден на доживотен затвор

Сподели

14690988398_9c1fbe4172_z

На четворица џихадисти, меѓу кои и најпознатиот македонски џихадист Мухамед Зaкири, Судот во Анкара им определил казна од речиси 500 години затвор, за убиство на три лица во март 2014 година, пренесува „Анадолија“.

Зaкири, кој по потекло е од Охрид, заедно со двајца соборци, Чендрим Рамадани и Бенјамин Ху од Косово, се осудени за терористичкиот напад што пред две години како припадници на Исламската држава го извеле во Анадолија.

Тие се осудени за убиство со умисла и за тоа што се членови на вооружена терористичка организација.

Тие убиле три лица, офицер, полицаец и камионџија. На 20 март 2014 година, на автопат кај градот Нигде, тројцата сега веќе осудени, отвориле оган врз полициски пункт за време на рутинска контрола, а потоа грабнале камион и го убиле возачот во обид да ѝ побегнат на полицијата.

Турските медиуми објавија дека тие од Сирија преку Турција и Бугарија планирале да дојдат во Македонија.

Македонскиот џихадист, Мухамед Закири, во Турција осуден на доживотен затвор