„Skopje Classic Day” 2019 – за љубителите на олдтајмери и класични мотоцикли

Сподели

 

Љубителите на олтајмери утре во Скопје утре ќе можат да присуствуваат на изложените колекции на „Skopje Classic Day”.

„Skopje Classic Day” е меѓународен настан на кој ќе можат да  се погледнат 55 автомобили и 30 класични мотоцикли постари од 35 години. Настанот се организира втора година по ред, а изборот на автомобилите и мотоциклите е направен од страна на клубот „Gentleman’s Crew”, кој е организатор на манифестацијата.

– Оваа година организациски настанот оди едно скалило погоре, за што се погрижи хотелот Александар Палас во Скопје, кој е домаќин на собирот. И овој пат, главната идеја за организирање на настанот е да се соберат на едно место префинети примероци на историски возила од регионот и пошироко, и во една лежерна атмосфера да се ужива во убавата музика, мода и вино, кои ќе претворат овој ден на убавината и елеганцијата, во ден на вистинско уживање, велат организаторите.

Тричлено стручно жири кое ќе ги оценува возилата поделени во класи, ќе го прави изборот на најдобар автомобил и мотоцикл.

Претседател на жирито е Харалд Лешке, поранешен главен дизајнер на Mercedes-Benz и тим лидер во проектот на суперавтомобил Maybach Excelero.

– Меѓународна федерација на историски возила. Клубот „Gentleman’s Crew” во соработка со „FIVA” се вклучува во празнувањето на оваа недела на класични мотоцикли и сите учесници кои ќе ги претстават своите мотоцикли на „Skopje Classic Day” ќе добијат специјален беџ за учество.