Германскиот парламент расправа за македонското приклучување во НАТО

Сподели

 

Германскиот парламент денеска расправа за ратификација на Протоколот за приклучувањето на Северна Македонија на НАТО, пренесува Дојче веле.

Германската влада во образложението на предлог-законот за Протоколот од 6 февруари 2019 година за Северноатлантскиот договор за приклучување на Република Северна Македонија оценува: „Сојузната влада е убедена дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.“

Се очекува против прифаќање на предлог-законот за ратификација на Протоколот да гласаат пратениците на деснопопулистичката АфД и на Левицата. Левицата има свој предлог-заклучок во кој бара од германската влада да ја повлече својата согласност за Протоколот за приклучување на Северна Македонија кон НАТО и во Северноатлантскиот совет да се изјасни против прием на земјата и против натамошно проширување на НАТО кон исток.