МВР: Нормализиран сообраќајот за патнички возила на граничниот премин Ново Село – Златарево

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е нормализиран сообраќајот за патнички возила на граничниот премин Ново Село – Златарево, кој беше во прекин поради пожар што избувна на бугарска страна, на самиот граничен премин.

Товарни возила се уште не се пропуштаат.

Вчера во голем пожар изгоре административната зграда на царинската испостава „Златарево“ на бугарско-македонската граница.

Нема повредени, но е направена огромна материјална штета.

 

 

„Огнот се појавил во надворешно инструменти, материјалите таму се запаливи – пластика, памук, стиропор – изјави началникот на Регионална дирекција на гранична полиција во Ќустендил.