“Брзата реакција, организираноста на противпожарната единица на Град Скопје која денес успешно се справи со пламените јазици од пожарот настанат во зградата во Кисела Вода (во чија близина привремено престојувам и јас со своето семејство), треба да биде пример за посветеност, пожртвуваност кон својата работа во служба на граѓаните, за многу општествени истакани личности, како и за вработените во сите институции.
Хероите – пожарникари, кои неколку часа се справуваа со настанатиот пожар, спасија повеќе животи, ставајќи го својот во ризик.
Тоа мора да се поздрави и да се награди, за да се поттикне како пример на однесување за сите нас.
Во таа насока, како пратеник во републичкото Собрание, изјавувам дека за ПОЖАРНИКАРИТЕ – ХЕРОИ, во форма на награда ги издвојувам моите месечни приходи.
Истовремено ги повикувам сите кои се во можност да го сторат истото во најразлична форма за овие хумани луѓе, но и за семејствата чиишто станови се зафатени од пламенот на настанатиот пожар.
Хуманоста пред се!”
ФБ статус, Александар Кирацовски