Павле Богоевски и официјално поднесе оставка

Сподели

Пратеникот Павле Богоевски ја достави оставката до собраниските служби, пред седницата на која ќе се расправа за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.

Павле Богоевски оставката ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања, но порача дека ќе стапи на сила откако ќе се гласа за одземање на мандатот на Груевски.