Црвениот крст ќе дели вода, мери притисок и дава совети низ Скопје

Сподели

 

Мобилни тимови на Црвениот крст на Град Скопје, во периодот од 11 до 16 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотниот бран, а доколку е потребно ќе укажат и прва помош.

Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на Град Скопје подготви акциски план кој опфаќа теренски активности во насока на справување со евентуални топлински бранови.

Мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, се наведува во соопштениет на Црвен крст на град Скопје.

За активностите ќе бидат ангажирани 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и пет возила од кои четири ќе патролираат низ градот, а две за време на викенди ќе бидат дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка – се вели во соопштението.