Никарагва протера американски претставници

Сподели

4261558924-f7b8766aaa-b-860x680

Властите во Никарагва протера тројца американски претставници од земјата, портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

– Мерката е преземена од властите на централноамериканската држава во вторникот. Тоа може да влијае врз односите меѓу САД и Никарагва, во трговијата и други сфери, предупреди Кирби, притоа не прецизираше дали Вашингтон ќе преземе реципрочни мерки.

Претседателот на Никарагва, социјалистот Даниел Ортега веќе долго време има затегнати односи со САД, чии корени влечат од осумдесеттите години на минатиот век, кога Никарагва беше зафатена со граѓанската војна. Во тој период ЦИА обучуваше и финансираше одреди кои се обидуваат да го соборат од власт Ортега.

Во 2007 година Ортега повторно дојде на власт и оттогаш е во сојуз со Венецуела и други режими во Јужна Америка, противници на политиката на САД.

Никарагва протера американски претставници