Министерката Мила Царовска денеска присуствуваше на 11 регионална средба на директорите од пензиските фондови и заводи од поранешна Југославија, Албанија и Австрија, која што се одржува во Охрид. На конференцијата се разменуваат искуства поврзани со спроведувањето на пензиските реформи во регионот и се договараат идните чекори за соработка меѓу фондовите.
„Со пензиската реформа дадовме сите по малку, и помладите и повозрасните и направивме заштеда од околу 4 милијарди денари во фондот за ПИО со што го стабилизираме системот и обезбедивме сигурна и континуирана исплата на пензиите. По реформата исплативме пензија без позајмици. Исто така, со Закон предвидовме два пати во годината усогласување на пензиите и трето зголемување кое ќе се прави ако имаме економски раст над 4 проценти. Ова ќе значи дека повеќе нема да се прават ад хок зголемување туку усогласувањето ќе се прави според законската рамка”, истакна Царовска.”
Просечната пензија во Република Северна Македонија порасна од 13.754 денари во декември 2016 на 14.580 денари во март годинава. Пензиите редовоно се исплаќаат и продолжуваат да растат. Со пензиската реформа МТСП го стабилизира системот и обезбедува праведност за двете групи корисници, сегашните и идните пензионери.