Отворање на јубилејно 40. „Скопско лето“

Сподели

 

Јубилејното 40. „Скопско лето“ официјално ќе биде отворено вечерва, на 21. јуни со гала оперски концерт на Националната опера и балет по диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ на плоштадот „Мајка Тереза“ со почеток во 21:30 часот.

Во рамки на оваа  меѓународна манифестација публиката до крајот на јули  ќе може да проследи концерти, ликовни изложби, претстави, мултимедијални проекти, ќе има филмска програма, традиционалното кафе кино, а ќе има програма и за најмладите.

40-тото издание на манифестацијата „Скопско лето “ ќе се одржува од 19 јуни до 31 јули на повеќе локации.

Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, а и оваа година фестивалот е поддржан од  Град Скопје и Министерството за култура.