САО ПАУЛО (АА) – Бразилската жива фудбалска легенда Пеле (75) доби олимписки ред, најголемо признание кое му го доделува Меѓунарпдниот олимписки комитет (МОК), јавува Anadolu Agency (AA).
Признанието во родниот град Сантос, во бразилската држава Сан Пауло, му го врачи претседателот на МОК, Томас Бач.
Едсон Арантес до Нашименто е единствен фудбалер кој три пати ја освои титулата првак во светот. Со репрезентацијата на Бразил успеа тоа да го оствари на мундијалите 1958 година, 1962 и 1970 година.
МОК го избра Пеле за најдобар спортист на минатиот век. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), заедно со аргентинецот Диего Марадона, го прогласи за најдобар фудбалер на векот.
Во Бразил, односно Рио Де Женеиро од 5-ти до 21-ви август оваа година ќе се одржат Летни олимписки игри.
AA.COM.TR