Во министерството за правда денеска го очекуваат предлогот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за Јавно обвинителство, со кој е опфатена и работата на СЈО.
Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека за неа би биле прифатливи сите конструктивни предлози, но не и прикриена амнестија за одредени случаи.
„Со нетрпение го чекаме текстот од ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го добиеме, ќе се произнесеме. Доколку има подобрувања на текстот, секако ќе бидат прифатени. Ако има скриена амнестија, нема да биде прифатена, велат од Министерството за правда.