Во 2007 година во јули месец се измерени рекордни 45,7 Целзиусови степени во земјава. Температурниот максимум е регистриран во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Рекордот и за Скопје е во истиот тој ден, кога температурата се искачила до 43,4 степени. Тој ден се измерени и рекордни 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 степени во Штип и 40,2 степени во Крива Паланка.
Наредните денови државата ќе биде зафатена од тропски бран и високи температури кои ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9 и целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта алертна фаза за високи температури.
Најтополо денеска ќе биде во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени.
До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.
Поради тропското време, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури.