Тимоние и Нухиу на вежба на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи

Сподели

 

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и францускиот
амбасадор Кристијан Тимоние денеска присуствуваа на завршната вежба
на припадниците на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални
задачи – Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и
природни средини.

 

 

Обуката, како дел од билатералната техничка соработка меѓу министерствата за внатрешни работи од двете државибе ше реализирана во периодот од 24 јуни до 5-ти јули 2019 година, како втор модул што го следеа 17 припадници на оваа единица и тоа осум од напредно ниво и девет од основно ниво, Обуката и оваа година, како и минатата, ја реализираат обучувачи од CNEAS – Националниот центар за обука, алпинизам и скијање во Шамони, кој припаѓа на ЦРС службите (Републички компании за безбедност) Жером Дардулија и Алексадар Пулак.

 

За поуспешна реализација на нивните активности придонесоа донациите во опрема на Француската амбасада во Скопје како и донациите на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.