На предвремените парламентарни избори во Грција победи Нова демократија со 39.8%, додека СИРИЗА на Алексис Ципрас е втора со 31.5%.
Во текот на деншниот ден се очекува Кирјакос Мицотакис да положи свечена заклетва во претседателската палата и официјално да ја преземе функцијата премиер на Грција
Во шестпартискиот Парламент ќе седнат пратеници од партитите КИНАЛ, ККЕ, Ден 25 и Грчко решение.
Неа Демократија освои 158 пратенички места, додека Сириза ќе има 86 пратеници. Партијата Кинал добива 23 пратеници, Комунистите ќе имаат 14, 10 пратеници ќе има партијата Ден 25 и 9 ќе има партијата Грчко решение.
„Со крената глава, ја прифаќаме пресудата на народот. За да ја доведеме Грција до таму каде што е денес, мораше да донесеме тешки одлуки со висока политичка цена“, изјави Алексис Ципрас по објавувањето на резултатите од гласањето.