Oдложена одлуката за Јово Вангеловски во Судскиот совет

Сподели

 

И денеска се одложи точката на дневен ред во Судскиот совет каде требаше да се одлучува за разрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Неофицијално, како причина за одложување тоа што новоизбраниот член на советот, Миљазим Мустафа требало да се запознае со случајот против првиот човек на највисокиот суд.

Против Вангеловски е поведена постапка откако тој и уште тројца судии му го укинаа притворот на бизнисменот Сеад Кочан иако тој беше во бегство. Тоа се случуваше пред околу две години. Според информациите од Советот, точката за разрешување на Вангеловски на дневен ред ќе се најде по одморите.