Обезбедувањето на Груевски упадна во ТВ21 за да брише снимки

Сподели

789-735x400

Обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски попладнево упаднало во „ТВ21“ и побарало новинар на телевизијата да ги избрише фотографиите од претседателот на владејачката партија направени додека тој се шетал низ улица Македонија, јавува телевизијата.

Како што се наведува во написот на „ТВ21“, новинарот го забележал поранешниот премиер како се шета и се обидел да го сними со мобилен телефон. Обезбедувањето на премиерот веднаш интервенирало и без дозвола упаднало во дворот на телевизијата. Тие го зеле телефонот на новинарот и ги избришале фотографиите. Целиот случај е регистриран од безбедносните камери на телевизијата.

Член на обезбедувањето покажал легитимација дека е вработен во МВР, а потоа побарал новинарска легитимација од новинарот.

Телевизијата ја повика ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за внатрешни работи да се огласат за инцидентот, наведувајќи дека поранешниот премиер е јавно лице и оти јавноста има право да знае што тој прави и како се однесува.

Обезбедувањето на Груевски упадна во ТВ21 за да брише снимки