Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид (ПСС), вчера добила повик од страна на група планински велосипедисти од Холандија, кои јавија дека при пад во близина на Трпејчко поле, југоисточно од Пештани, нивниот пријател се здобил со повреда во пределот на десниот колк.
Тричлена екипа од ПСС со теренско возило веднаш излезе на терен и за кратко време лицето било лоцирано, имобилизирано и транспортирано до с. Пештани, од каде во 14:45 часот го превзело возило на итната медицинска помош и го пренесе во специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо во Охрид.