Активистите на „Шарената револуција“ вечерва пред просториите на Специјалното јавно обвинителство со исцртување на римскиот број еден составен од луѓе и факели го испишаа последниот број од крајниот рок кој го дадоа за исполнување на нивните барања.
Граѓаните наредени во три реда синхронизирано ги запалија факели и запеаја „Шутка не ти бега Никола“.
Како што рекоа од „Шарената револуција“, оваа бројка е најголемата испишана бројка досега, а со запалените факели направија да биде видлива дури и од Водно.
Граѓаните и активистите веднаш го забележаа и се пуштија по него викајќи „кој си ти, зошто снимаш“. Лицето веднаш побегна а граѓаните се вратија да се доорганизираат.
Пред почетокот на герила-акцијата, околу 20 часот, на истата локација, герила-акција имале и противниците на „Шарената револуција“ кои фрлија летоци во форма на пари со ликот на „платеници“ и огласи од познати професори кои земаат мито.
„Шарената револуција“ со огнен број 1 го заврши одбројувањето